речник контакт

Како работи Пазарната инспекција во Велес?

Многу поплаки на една адреса.Што пишуваат за нејзината работа две јавни служби од градот, СВР Велес и ЈКП Дервен. Пред секој празник иста слика, најлон маало во центарот на Велес

Петар Печков

Работата на пазарната инспекција во Велес е често на удар на јавноста. Единствената слика низ град, на количка за пренос на земја да е продаваат чорапи и гаќи или окупацијата на Сармаале пред некој празници, кога градот ни личи на најлон маало, или заземањето на секој слободен простор за да во лице ви тутнат маички и бои за коса. Така беше и до петокот, кога само една тезга беше со дозвола и плати давачки кон општината, додека се друго беше окупација на тротоарот.

Но за да се избегнат личните ставови на велешани, еве што напишале за работата на оваа инспекција две институции од градот, кои упатуваат директни и сериозни забелешки. Истите се повторуваат со години, за жал, не  се ни нови ни први. Реагирано е и до Републичка пазарна инспекција, но поправка нема.

СВР Велес од годишниот извештај за 2012-тата:
За остварување на уште подобра безбедносна состојба неопходна е поголема координација со инспекциските служби (Пазарна, Трудова и др.) и нивно поголемо присуство на теренот.

Реализирани се вкупно 52/76 контроли во угостителските објекти но по наше барање само една заедно со Пазарните инспектори поради нивна наводна зафатеност за што е информирано према повисоките старешини на СВР Велес и повисоките старешини на пазарната инспекција. Во наредниот период ќе инсистираме на поквалитетна и почеста соработка и заеднички настап на теренот со инспекторите од пазарната и трудовата инспекција преку спроведување на акциски контроли.
 
ЈКП Дервен извештај за 2012 за РЕ Пазари

Најголем проблем во работењето на Р.Е. Пазари  и понатаму претставуваат нелегалните продавачи околу пазарите. Нив од ден на ден ги има се повеќе и нивната бројка е околу  120 лица, на околу 220 легални продавачи во пазарите,  или ги  има над 50 отсто нелегални продавачи. Поради ова во повеќе наврати, леганите продавачи  со петиции се обраќаат до ЈКП Дервен со барање овој проблем да се разреши, зошто во спротивно и тие ќе го бојкотираат плаќањето внатре во пазарот. Во повеќе наврати ЈКП Дервен реагирал до надлежните институции Пазарната инспекција и Пазарниот инспектор, и усно  писмено, но нема никаква реакција од нивна страна за решавање на проблемот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »